Мачор им помогна на руски судски извршители да го пронајдат неговиот сопственик

Getty Images

Еден препреден човек од Велики Новгород (500 километри северозападно од Москва), кој не сакал да плаќа алиментација, за малку ќе им побегнеше на судските извршители кои тропнаа на неговата врата. Но, го предаде неговиот мачор. Кутрото животно сепак не го предаде намерно својот господар, само не умееше да се преправа дека ништо не се случува...

Како што објавија службениците на својот веб-сајт судските извршители го посетиле станот на должникот („граѓанинот К.”) за да го потсетат дека на поранешната сопруга ѝ должи околу 800000 рубли (околу 11000 евра) алиментација за издржување на децата. Тој претходно веќе двапати бил приведуван и против него е дури започната и истрага.

Меѓутоа, овојпат жената со која живее К. рекла дека тој не е дома и ги повикала извршителите самите да го пребараат станот.

Можеш да се скриеш, но не можеш да избегаш

Навистина, изгледало дека станот е празен... освен мачорот кој „им го привлече вниманието на судските извршители така што втренчено гледаше под каучот, дури и со доза на чудење“. Како што можете да претпоставите, мачорот изненадено го гледал својот господар завлечен под софата во очајнички обид да се скрие.

Мачорот не се огласи, но извршителите сфатија сѐ и го повикаа К. Да излезе, составувајќи уште еден извештај за неговото неплаќање. Не се знае дали тој планира конечно да ја плати алиментацијата за своите деца, но овој пат се покажа дека мачорот дефинитивно повеќе го почитува законот од својот сопственик.

Кога само ќе си помислите дека луѓето со задоволство велат дека „песот е можеби најдобриот пријател на човекот, но мачката никогаш нема да ѝ каже на полицијата каде ја криете тревата“! Излегува дека и мачките се во состојба да соработуваат со властите, иако можеби и без намера.

Прочитајте повеќе: Кои се најбараните мачки во Русија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња