Руските комуналци со ласерски проектор ги испишуваат долговите врз куќите на неплаќачите

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Алексеј Николаев, Степан Жарки

Компанијата „Самарски комунални системи”, која од мај оваа година во борба со должниците успешно ја користи „пирамидата на срамот”, смисли и нов начин како да ги натера нередовните плаќачи на плаќање со помош на ласерски проектор, соопшти прес-службата на компанијата.

„Проекторот на ѕидот на зградата ја испишува вкупната сума на долгот на станарите, како и броевите на становите на должниците. Ваквото „осветлување“ е особено забележливо на облачното есенско време. Новиот метод веќе го испробавме минатата недела на една зграда во Самара и тој ја покажа својата ефикасност: станарите почнаа да ги отплаќаат долговите“, рече соговорникот на агенцијата.

Како што претходно беше објавено, самарските комуналци од мај месец пред зградите на посебно тврдокорните должници почнаа да поставуваат бетонска пирамида висока и широка метар и половина. На работ на пирамидата напишаа: „Тука живее должник“, „Платете го долгот за ода“, „Вие сте должни“. Како што покажа праксата, по поставување на ваквата „пирамида на срамот“, станарите брзо почнаа да ги плаќаат долговите спрема комуналците. Компанијата во јули смисли и „летечка пирамида на срамот“ за станарите кои живеат во повеќекатници. Полесната верзија на „пирамидата на срамот“ ја кренаа со дигалка пред прозорците на неплаќач кој живее на првиот кат.

Според податоците на прес-службата на компанијата, вкупниот долг на населението и претпријатијата на Самара за вода и канализација изнесува околу 1,5 милијарди рубли (преку 19 милиони евра).

Прочитајте повеќе за летечката пирамида на срамот: Руските комуналци најдоа начин да ги „притиснат“ тврдокорните должници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња