Летечка пирамида на срамот: Руските комуналци најдоа начин да ги „притиснат“ тврдокорните должници

Пресс-служба "РКС-Самара"
Пирамидата ќе виси на дигалка пред прозорецот на неплаќачот неколку часа дневно, сѐ додека не го плати долгот.

Комуналните служби од рускиот град Самара почнаа уште во мај оваа година на улиците, пред куќите на тврдокорните неплаќачи, да поставуваат бетонски пирамиди тешки три тони, високи и широки по 150 см, со испишани пораки „Овде живее должник“, „Платете го долгот за вода“, „Должни сте“. Како што се покажа, по поставувањето на ваква „пирамида на срамот“ сметките многу брзо беа намирувани.

Компанијата „Руски комунални системи Самара“ соопшти денеска дека почнала со примена на сличен начин на борба против неплаќањето на комуналните услуги и за должниците кои живеат на кат.

Компанијата пронајде начин да ги предупреди и оние станари кои живеат во повеќекатници. „Откако од еден должник на сите достапни начини се обидовме да ги наплатиме побарувањата и не успеавме во тоа, донесена е одлука пред прозорецот на неговиот стан на вториот кат да се постави полесна верзија на тнр. пирамида на срамот“, се вели во соопштението на комуналната служба во Самара.

Пирамидата ќе виси на дигалка по неколку часа наутро и навечер, сѐ додека долгот не биде платен.

„Јасно е дека пирамидата не ја ставаме веднаш, односно пред да ги исцрпиме сите можности кои ни се на располагање, т.е. првин праќаме известувања, писма, побарувања, судски решенија дека повикуваме. Овој претплатник ниту еден момент не покажа ни најмала желба за решавање на проблемот“, рече заменик-директорот за пласман на „РКС Самара“ Евгенија Порецкова.

Според зборовите на претставникот на службата за односи со јавноста, три тони тешките статични претходнички на летачките пирамиди се поставени пред вкупно 82 објекта во сопственост на приватни лица и претпријатија, по што се подмирени долгови во вредност од преку еден милион рубли. Физичките и првни лица во Самара за вода и канализација во периодот од јануари до јуни оваа година должат 1 милијарда 447 милиони рубли. Во споредба со истиот период од минатата година долгот е пораснат за десет отсто, пишува агенцијата ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња