Информацијата е објавена на сајтот на регионалната управа на Федералната служба за судски извршители.
Мајката на должникот речиси успеала да ги убеди извршителите на кои им ја отворила вратата дека нејзиниот син не е дома и дури им предложила самите да се уверат во тоа.
Извршителите веќе се подготвувале да си отидат, но кога слушнале кивање од кујната и сфатиле дека тоа доаѓа од вреќа што стоела исправено, се вратиле. Вреќата наеднаш паднала настрана, а од вреќата се покажал должникот, пишува во соопштението.
Забележано е и дека Сибирецот бил многу убаво облечен, во одело, со елек и дека имал резервирано маса за романтична вечера за двајца во ресторан.
Извршителите на крај ја попишале белата техника, мебелот и електронските уреди во станот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче