Руската лизгачка Александра Трусова прогласена за најдобар млад спортист во Европа

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Двократната светска шампионка во уметничко лизгање во јуниорска категорија Александра Трусова е прогласена за најдобар млад спортист во зимски спортови во Европа, објави порталот „Советски спорт”.

На 14-годишната Русинка признанието ѝ беше врачено за време на семинарот на Европските олимписки комитети во Виена.

Трусова ги надмина германската сноубордистка, 17-годишната Аника Софи Морган, 18-годишната скијачка Магдалена Егер од Австрија, како и 17-годишната натпреварувачка во брзо лизгање од Словачка Петра Руснакова и 17-годишниот натпреварувач во брзо лизгање од Унгарија Атила Талабош.

Трусова се натпреварува во индивидуално уметничко лизгање.

Таа е носител на сребрен медал од Првенството на Русија 2019 година.

Прочитајте повеќе: Руската лизгачка Александра Трусова првпат во историјата на женското лизгање изведе четирикратен луц