Кинеските граѓани во текот на овој месец преку граничниот премин Нижнеленински, кој се наоѓа во Еврејската автономна област во Русија, во својата земја пренесоа 80 кучиња и мачки, пишуваат руските медиуми.
Како што се наведува, повикувајќи се на Управата на Россељхознадзор за Хабаровскиот крај и Еврејската автономна област, тоа е седумпати поголема бројка во однос на претходното тромесечје, и десетпати поголема во однос на април минатата година.
Толку големиот скок во побарувачката на руски кучиња и мачки се објаснува со ограничувањата во врска со увозот на домашни животни кои во Кина ќе стапат во сила на први мај.
Ова не е прва забрана поврзана со домашните миленици во Кина. Така, во 2017 година во град беше забрането чување на повеќе од еден пес, како и раси со поголеми димензии. Затоа на цена се помалите кучиња како француски булдог и мопс, а кај Кинезите кои живеат во приватни куќи оддалечени од центарот на градот - мастиф и алабај. Исто така, се купуваат и ретки и скапи мачки како бамбино, сфинкс, британска, мејн кун и рагдол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче