Меконг бобтејл. Првата сијамска мачка, предок на сите подвидови, вклучувајќи го и меконг бобтејлот, стасала во Европа во 1884 година од престолнината на Сијам, денешен Тајланд. Во Америка овие мачки стасале во 1890 година, а во Русија на почетокот на 20 век. Првите мачки припадници на видот меконг бобтејл ги претставила Ољга Миронова од Санкт Петербург, но стручњаците оваа раса ја признале дури во декември 1994 година.
Shutterstock/Legion MediaНашата редакција веќе ви го претстави списокот на најпознатите раси кучиња кои потекнуваат од Русија, а сега ви ги претставуваме најубавите руски мачки. Руската сина мачка е најпопуларна раса. Според легендата, овие прекрасно сиво-сини мачки во Русија ги донеле морепловците од Архангељск, пристаниште на северот од земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче