Чинот на осветувањето беше извршен веднаш по велигденската богослужба во Храмот „Христос Спасител“, пренесува агенцијата ТАСС.
На осветувањето покрај шефот на руската држава присуствуваа и премиерот на Русија Дмитриј Медведев, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Планирано е иконата да им се покаже на руските трупи, по што ќе биде сместена во главниот храм на Вооружените сили на Русија.