За две недели собрани преку милијарда рубли за изградба на главната црква на руската војска

Прес служба на МО на РФ

Повеќе од една милијарда рубли (преку 12 милиони евра) се уплатени на сметката на добротворниот фонд „Воскресение“ кој собира донации за изградба на главниот храм на Вооружените сили на Русија, соопшти прес-службата на фондот.

Собирањето на средствата почна на 4 септември. Прв на сметката уплати средства еден морнарички заставник на Северната флота, а веднаш по него рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Храмот ќе биде духовен, наставно-методолошки и просветителски центар за војниците, православното свештенство и граѓаните на Русија. На неговата територија ќе биде поставена изложба посветена на историјата на формирањето на руската држава и руските Вооружени сили. Храмот ќе биде висок 95 метри (вклучувајќи го и крстот), а вкупната површина ќе му биде 10950 квадратни метри. Ќе може истовремено да прими до шест илјади луѓе. Ќе има неколку чесни трпези. Централната ќе биде посветена на најголемиот христијански празник Велигден, а останатите на небесните заштитници на видовите и родовите на руските Вооружени сили.

Прочитајте повеќе: Во паркот „Патриот“ е осветен камен-темелникот на Главниот храм на Вооруженте сили на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња