Скалилата на храмот на Вооружените сили на Русија ќе бидат излеани од техника на Вермахтот

Скалилата на главниот храм на Вооружените сили на Русија во градот Кубинка во Подмосковјето ќе бидат излеани од трофејна техника на Вермахтот, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

„Изградбата се одвива според планот. Пред недела дена заврши поставувањето на темелите. Во тек е фазата на завршување на проектот на уметниците и дизајнерите во договор со нашата патријаршија. Тоа е тешка и компликувана работа, затоа што би сакале секој квадратен метар на храмот да симболизира нешто. Затоа од трофејната германска техника ќе ги излееме скалилата на храмот“, изјави Шојгу, пренесува РИА „Новости”.

Шојгу во септември соопшти дека главниот храм на Вооружените сили на Русија ќе биде подигнат по повод одбележувањето на 75-годишнината од Победата. Изградбата е финансирана преку доброволни прилози собрани во специјалниот фонд „Воскресение”. Во храмот ќе се наоѓаат пет чесни трпези, централната ќе биде посветена на Воскресението Христово, а останатите четири на светите заштитници на Вооружените сили и родови на војската: светиот кнез Александар Невски, светиот пророк Илија, светиот апостол Андреј Првозвани и светата великомаченица Варвара.

Храмот ќе биде висок 95 метри и ќе може да прими до 6000 верници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња