Ким Џонг Ун има желба да се врати во Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Губернаторот на Приморскиот крај Олег Кожемјако изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дал ветување повторно да ја посети Русија. Ова првиот човек на регионот го изјави во петокот, 26 април, по одржаната средба со претседателот на Северна Кореја, пренесува рускиот портал „Њу информ“.

Тој прецизираше дека на Ким Џонг Ун му се допаднал Владивосток. Како што рече Кожемјако, властите на градот сториле сѐ за севернокорејскиот лидер да биде задоволен од неговото прво патување на територијата на Русија.

Тој исто така раскажа дека главниот град на Приморјето „оставил добар впечаток“. Тоа е поврзано со големината на градот што соработува со Северна Кореја. Ким Џонг Ун додаде дека има намера да се врати во Владивосток.  Според Кожемјако, лидерот на Северна Кореја не ги видел сите објекти во градот кои би сакал да ги види...

Прочитајте повеќе: „Катјуша” за севернокорејскиот лидер: Излезе дека Ким Џонг Ун е љубител на советски песни