Ким Џонг Ун ги сака песните од советско време, особено „Катјуша”, рече губернаторот на Приморскиот крај на Русија Олег Кожемјако, откако го испрати севернокорејскиот гост од железничката станица во Владивосток.
„Песната „Катјуша“ му е омилена, таа веројатно го симболизира почетокот на нашето пријателство, оние тешки времиња кога навистина си помагавме едни на други. Тоа е песна од крајот на 30-те, почетокот на 40-те години, беше најпопулара за време и по војната кога е формирана Корејската Народна Демократска Република, при што Советскиот Сојуз пружаше сесрдна помош”, им изјави Кожемјако на новинарите.
„Исто така му се допаѓа „Вечер во пристаништето“, која денеска исто така ја слушавме, „Милион црвени рози“ на Ала Пугачова. Тоа се песни кои ги сакаат нашите соседи, со задоволство ги пеат, тие се пренесуваат од поколение на поколение. Мислам дека тоа е традиција, познавањето руски песни нѐ зближува”, рече Кожемјако.
Воениот оркестар ја отсвири „Катјуша“ на свечената церемонија на испраќање на севернокорејскиот лидер во петокот во Владивосток.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче