Видео: Путин на приемот во чест на Ким Џонг Ун крена здравица за јакнење на пријателството

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Путин со својот севернокорејски колега испија по чаша бело вино.

Претседателот на Русија Владимир Путин на официјалниот прием во чест на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун крена здравица за јакнење на пријателството и соработката меѓу двете земји и за доброто на нивните народи.

Претседателот на Русија истакна дека преговорите со лидерот на Северна Кореја биле конструктивни и деловни, како и дека поминале во пријателска атмосфера, која има долга традиција во односите меѓу двете земји.

Путин потсети дека 2002 година во Владивосток го угости таткото на сегашниот лидер на Северна Кореја Ким Џонг Ил, истакнувајќи дека Русија секогаш се однесувала спрема него со голема почит.

Преговорите меѓу Владимир Путин и Ким Џонг Ун траеја 3 и пол часа, а по нив следеше свечениот прием.

Погледнете го видеото: Ким Џонг Ун му подари на Путин корејски меч - „олицетворение на силата и душата на народот”