Ким Џонг Ун проба традиционален руски леб во Владивосток (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун пристигна со воз во Приморскиот крај на Русија. На станицата Хасан прими букет цвеќе, а потоа му беше понудено да го проба рускиот традиционален украсени леб „каравај”. На 25 април Владимир Путин и Ким Џонг Ун ќе одржат преговори на островот Руски кај Владивосток.

Оклопниот воз на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Уна застана на железничката станица во Владивосток. На перонот запре во 11:01 часот по московско време. Уште пред да запре возот, по него потрчаат припадниците на обезбедувањето.

Подоцна лимузината на претседателот на Државниот совет на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја напушти железничката станица и се упати кон островот Руски во кампусот на Далекоисточниот федерален универзитет, каде в четврток ќе се одржи состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин.

Прочитајте повеќе: Северна Кореја ја моли Русија за помош: Педесет илјади тони жито на дар