„Роскосмос” за исклучителни достигнувања бесплатно ќе вози во вселената граѓани на Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

„Роскосмос” бесплатно ќе ги вози на туристички лет во вселената заслужните граѓани на Русија, како што се учителите и научниците, соопшти директорот на државната корпорација Дмитриј Рогозин. 

Според него, примената на новата суперкратка шема на летање на товарниот борд „Прогрес” ќе им овозможи и на бродовите со екипаж да стигнат за три часа до Меѓународната вселенска станица и ќе создаде услови за развој на вселенскиот туризам. „Во следната фаза, кога Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ ќе почне да стекнува финансиска добивка, ќе воведеме наградни патувања, т.е. не за пари, туку ќе овозможиме патување во вселената на исклучителни граѓани на Русија за нивните исклучителни достигнувања“. Тој додаде дека се работи за исклучителни учители и научници.

1984 година во САД беше објавен конкурсот „Учител во вселената”. Победи учителката Криста Маколиф. Таа влезе во состав на екипажот на шатлот „Челинџер” кој експлодираше при полетувањето 1986 година. Сите членови на екипажот загинаа.

Прочитајте повеќе: Рогозин: „Роскосмос“ праќа двајца туристи на лет околу Земјата по патот на Гагарин