Путин се пошегува по повод финските туристи во Санкт Петербург: „Добро е, мезат“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин се сретна со финскиот колега Саули Ниинисте на маргините на Меѓународниот арктички форум. Лидерите на двете земји на состанокот ја допреа и темата на туризмот.

Путин укажа на фактот дека Финска во моментов се наоѓа на чело на Арктичкиот совет и дека „направи многу нешта“, пренесуваат медиумите. „На билатерален план односите исто така се развиваат постепено”, истакна шефот на руската држава.

Според Путин, развојот на односите меѓу двете земји „се одразува и на трговската размена“. Тој исто така призна дека му е мило што повторно се среќава со Саули Ниинисте.

Претседателот на Финска рече дека претходниот ден го посетил генералниот конзулат во Санкт Петербург, кој „издава најголем број визи на руските државјани”. Во конзулатот исто така слушнал дека Петербург е „најпосетениот град кога се работи за финските туристи кои доаѓаат во Русија“.

„Кога го слушнав тоа, се сетив на вашите зборови од пред неколку години. Тогаш рековте: се надевам дека умеат да се однесуваат. Сега можам да го кажам истото: дека се надевам”, рече Ниинисте, обраќајќи му се на Путин.

„Добро е, мезат“, одговори претседателот на Русија.

Прочитајте повеќе: „Многу си крупен”: Путин се пошегува со припадник на обезбедувањето (ВИДЕО)