Хабиб раскажа како по победата над Мекгрегор му се јавил Путин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот MMA-борец Хабиб Нурмагомедов раскажа детали од телефонскиот разговор со претседателот на Русија Владимир Путин по неговата победа над Ирецот Конор Мекгрегор во октомври 2018 година.

„По борбата дојде многу полиција, нè опкружија, нè воведоа во просторија под трибините и ни рекоа дека нема да излеземе наскоро, бидејќи мораме да почекаме тие да ги исчистат стадионот и околината од навивачите. Тогаш ни јавија дека за неколку минути ќе ни се јави Владимир Владимирович. Тој ни се јави и праша: „Како сте?“ Одговорив дека сме опколени, а тоа значи дека нема да ни избегаат“, рече Нурмагомедов на средбата со студентите на Плехановскиот универзитет во вторникот.

„Ни честиташе, нѐ замоли да не наседнуваме на провокации. Поразговаравме минута-две. Ми беше мило што во таков момент ми телефонираше претседателот, ми честиташе и ми даде поддршка“, додаде тој.

Борбата се одржа на 7 октомври и заврши со победа на Русинот над Ирецот. Нурмагомедов така го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија.

По завршувањето на борбата во салата дојде до тепачка меѓу тимовите на Нурмагомедов и Мекгрегор.

Поради тоа рускиот борец беше дисквалификуван на девет месеци со одлука на Атлетската комисија на државата Невада (NSAC) и казнет со парична казна од 500 илјади долари.

Прочитајте повеќе: Путин му честита на Хабиб: Сите ние Русите можеме така да скокнеме што нема знаат што ги снашло