Русинот Олег Резанов на 23 март скокна од авион со падобран при екстремни услови и на тој начин сруши светски рекорд, пишува весникот „Московски комсомолец“.
Разанов скокна со падобран во Јакутија од висина од 4100 метри. Притоа на себе имаше само бермуди и заштитен шлем. Температурата на таа висина изнесуваше минус триесет степени Целзиусови, а падот траеше околу една минута. Претпоставуваме дека по скокот се напил топол чај. Како што пишуваат руските медиуми, Резанов се подготвувал за скокот две години. „23 март не е обран случајно, тоа е денот кога световите се спојуваат“, рече рекордерот. Резанов скокна во тандем со инструктор, затоа што никогаш претходно не скокал со падобран.
Олег постави 12 светски рекорди, а себеси се нарекува „господар на студот“.
Лице кое се решава на ваков потфат навистина мора да поседува голема ментална контрола.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче