Сибирец ги запрепасти Американците: Се фрли во ледена вода и спаси две кучиња

Вистинска бура во американските медиуми предизвика минувач, по потекло Русин, кој скокна во ледените води на езерото Ирвингтон и спаси два лабрадора. 

Четириесет и двегодишниот Тимофеј Јурјев, роден Сибирец, а сега жител на Њујорк, спаси две кучиња кои пропаднаа низ мразот во езерото Ирвингтон. Како што подоцна раскажа Тимофеј, локалните жители се обиделе да го одвратат, бидејќи неговата постапка им се чинела неразумна. Американските медиуми го нарекоа совршен руски спасител, признавајќи дека ретко кој минувач, Американец, би се решил на таков чекор.

Како што објасни објасни Тимофеј, тој со сопругата го шетале своето куче во паркот кога зачул вресок на една жена. Како што се покажало, двата нејзини стари лабрадори кои истрчале на замрзнатата површина на езерото пропаднале низ мразот, еден по друг.

„Кучињата се обидуваа да се извлечат, но не успеваа, мразот околу нив пукаше. Бидејќи се стари не можеа самите да се ослободат. И тие полека престануваа и да се обидуваат“, рече Тимофеј.

Тогаш тој без многу размислување решил да влезе во водата и да ги спаси кучињата. Сопственичката на лабрадорите се обидела да го спречи. Јуриј рече дека за Американците неговата постапка изгледала прилично чудно. Кога се фрлил во ледената вода, со лактите го кршел мразот и така го пробил патот по кој кучињата дошле до брегот, а во сето тоа му помагало неговото куче.

„Моето куче заедно со мене плива и трча по планините. Ја водам Кира насекаде со мене откако ја зедов, значи кога имаше два месеци. Ние сме тим. Ако нешто ми се случи, таа ќе ме извади и ќе ми помогне“, убеден е Јурјев. 

„Сите Американци во вакви случаи се јавуваат на 911, но мене ми беше јасно дека кучињата не можат да чекаат и дека чекањето би значело за нив фатален исход. Брзо се соблеков и скокнав. За Американците скокањето во ладна вода зиме е нешто несфатливо. Така станав суперхерој за нив. Сите новински агенции известија за мојот подвиг. За нас тоа е вообичаено нешто, да се нурнеме во ладна вода“, објасни Тимофеј.

Како што рече, неговиот дедо бил ловџија во Сибир. За време на Втората светска војна служел како извидник на границата со Јапонија и според природата на службата морал да биде во состојба долго да остане во ладна вода.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња