Прекален Сибирец: На аеродром на снег, во бермуди и маичка, чека да влезе во авион

38ru/pikabu

Корисниците на забавниот портал „Пикабу“ ги воодушеви еден прекален Сибирец кој пред скалилата на аеродром на кој паднал снег, во маичка, бермуди и влечки, чека во редица да влезе во авион.

„Сибирецот очигледно тргнал на одмор“, беше коментарот на корисникот 38ru кој ја објави снимката на интернет.

За само неколку часа пристигнаа стотици коментари, меѓу кои имаше и такви во кои се тврдеше дека вистинскиот жител на Сибир не знае за студ. Корисникот FunFriends претпоставува дека мажот добро се загреал со некој жесток пијалак за да ги игнорира временските прилики.

Многумина коментатори се присетуваа на ситуации кога поради разликите во климата биле принудени да носат два вида облека на патување. Како што заклучија, патувањето во топли земји во зимска јакна е еднакво ужасно како патувањето во студени земји во лесна облека.

Корисникот leleEjik вели дека го фасцинирала издржливоста на земјаците кои на одмор во Египет на плус 35 степени при вечерно излегување носеле тесна облека, кога оделе во клубови во сомотни долги до под фустани, или во плишани сакоа и панталони и кондури.

Развивајќи ја темата тој признава дека и самиот еднаш бил во слична ситуација, кога од Германија патувал за Русија и плашејќи се од студот облекол неколку слоја облека. Меѓутоа,  долго пред да стигне на дестинацијата, во Пенза, морал да се раскомоти.

Некои корисници на шега претпоставуваат дека мажот од фотографијата секогаш оди во таква облека. „Ама каков Тајланд, па Тајланд, човекот патува од Иркутск за Магадан и едноставно го утнал времето“, беа иронични коментаторите.

Прочитајте повеќе: Жилав и отпорен на студ: Како изгледа еден типичен жител на Сибир?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња