Лавров ги отвори преговорите со министерот за надворешни работи на Турција со шега за танц (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров пред почетокот на преговорите со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу се пошегува со насобраните новинари.

„Што чекате? Сакате да се движиме, да танцуваме, што?”, ги праша Лавров новинарите.

Снимката е објавена на страницата на МНР на Русија на социјалната мрежа „Вконтакте“.

Лавров во петокот се сретна со Чавушоглу во рамките на својата посета на Анталија. Министрите се поздравија еден со друг, а потоа средбата се одржа зад затворени врати, пренесуваат медиумите

Шефовите на дипломатиите на Русија и Турција исто така учествуваа на седмото заседание на Заедничката група за стратешко планирање.

Погледнете го видеото: Зошто Лавров се „ракуваше” со микрофон?