Захарова: Лавров го слави роденденот во одлично друштво и на висина

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го прослави својот 67 роденден во авион.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова објави фотографија со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој го одбележа својот роденден во авионот со кој се враќаше од Јапонија во Москва.

 

„С. Лавров го слави роденденот во одлично друштво и на висина“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

На фотографијата рускиот министер е во друштво на новинари.

Лавров на 21 март наполни 67 години, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња