Захарова раскажа колку цигари на ден пуши Лавров

Времињата кога министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров беше страстен пушач останаа во минатото, изјави портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова.

„Мислам дека нема да ви откријам тајна – ми се чини, тој самиот зборуваше за тоа во едно интервју. Навистина, тој беше страстен пушач, сега значително го намали бројот на испушени цигари. Буквално до две на ден“, изјави Захарова на брифингот.

„Тоа во голема мера остана како традиција отколку како секојдневна потреба. Навистина, по завршувањето на преговорите со неговите колеги тој може да се вклучи во некој разговор, вклучително и да испуши цигара. Но, уште еднаш ќе ви кажам, времињата која можеше да го наречете страстен пушач, останаа во минатото“, додаде дипломатот, пренесува РИА „Новости“.

Сергеј Лавров повеќе години беше познат како страстен пушач. Конкретно, на почетокот на 2000-те тој активно се бореше со кампањата против пушењето, кога тогашниот генерален секретар на ООН Кофи Анан забрани пушење во просториите, како што беше направено во САД.

Лавров, кој ја вршеше функцијата постојан претставник, одбиваше да престане да пуши во зградата, објаснувајќи им на припадниците на обезбедувањето на ООН дека комплексот на организацијата е меѓународна територија на која не важат американските закони, а генералниот секретар пред воведувањето на забраната требало да се консултира со дипломатите.

Пред неколку години во едно интервју министерот призна дека почнал да пуши помалку и води здрав живот.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња