Претседателот на Киргистан Сооронбај Жеенбеков му подари на Владимир Путин орловски касач и киргиски ’рт тајган при државната посета на рускиот претседател на Бишкек.
Кученцето по име Шерхан е претставник на локалната раса песови која настанала со вкрстување на ’рт и волкодав, пренесуваат медиумите.
Претседателот на Русија Владимир Путин во четвртокот, 28 март, пристигна во државна посета на Киргистан. Рускиот лидер се сретна со претседателот на Киргистан Сооронбај Жеенбеков во резиденцијата Ала-Арча.
Во Бишкек во присуство на двајцата лидери беше одржана церемонијата на размена на документи со кои се внесуваат измени во договорот од 2012 година за условите и статусот на Обединетата руската воена база на територијата на Киргистан.
Жеенбеков изјави дека посетата на Путин на Киргистан е историски настан. Доаѓањето на Владимир Путин е прва државна посета на шеф на некоја странска држава на Киргистан во последниве неколку години.