Песков го опиша работниот ден на Путин

Алексеј Никољски/Sputnik
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“ го опиша работниот ден на Владимир Путин и раскажа како рускиот лидер се подготвува за јавни настапи.

„[Путин] работи со информации кои ги добива преку различни служби и по пат на телефонски разговори, му доаѓаат најблиските помошници, тој повикува министри, раководители на различни ресори, им телефонира на луѓе, поставува прашања во врска со ситуацијата и така самиот ја освежува својата информираност, пред сѐ во внатрешните прашања, а и во меѓународните“, ги наведува зборовите на Песков „РИА Новости“.

Потоа, според Песков, почнува јавниот дел на работниот дел на претседателот.

Во вечерните часови рускиот лидер често врши цела серија телефонски разговори или селективни советувања со неколкумина учесници. „Понекогаш поставената тема повлекува со себе телефонски повици до други министри. Советувањето е селективно. Путин има пулт на масата и може во секој момент да спои неколкумина луѓе во заедничка врска и така веднаш да изврши кратко советување“, рече Песков, истакнувајќи дека тоа е вообичаена пракса.

Кабинетот на Путин во Кремљ.

Претходно Песков го опиша „секојдневниот километар“ на Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња