Песков: „Во 11 навечер во Кремљ се работи со полна пареа, Путин е вистински работохоличар“

Kremlin Pool/ZUMAPRESS.com
Путин има свое сфаќање на времето. Обичниот човек цела недела ги чека петокот, викендот. Кај Путин не е така, тој нема слободни денови, вели портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Во интервјуто за весникот „Аргументи и факти” портпаролот на Путин Дмитриј Песков го прашаа дали се случува ноќе неочекувано да го разбуди телефонски повик од Путин.

„Се случуваа некои вонредни ситуации. Но, фала му на Бога, не толку често“, одговори Песков. „Треба да се знае и дека претседателот е вистински работохоличар. Тој има свое сфаќање на времето. Обичниот човек цела недела ги чека петокот, викендот. Кај Путин не е така, тој нема слободни денови. Неделата се разбира се разликува од понеделникот, но сѐ зависи од ситуацијата. Управувањето со државата е како работењето на висока печка, која не смее да се угаси. Тоа е процес кој постојано се одвива и не може да зависи од добата на денот. Во 10-11 навечер во Кремљ се работи со полна пареа“. 

Дмитриј Песков призна дека тој сепак не е еден од оние луѓе кои можат да му се јават на Путин во кое било време, па ни еден од оние со кои Путин најчесто разговара.

„Во претседателскиот кабинет постои телефонска линија која можат да ја користат и министрите и раководителите на претседателската администрација. Тие можат директно да му се јават на претседателот кога е на работното место. А ако некој сака да му се јави во друго време, тоа може да го бара само преку помошниците и аѓутантите“, вели Дмитриј Песков.  

Кога се работи за јавниот дел на работата на Путин, Песков е човекот кој е речиси секогаш во близина. Но значителен дел од работата на Путин не се одвива пред камерите. И тогаш покрај претседателот почесто се многу други луѓе, вели тој. 

Се разбира дека имало ситуации кога претседателот го карал, признава портпаролот на Путин. „Ајде да не заборавиме дека јас сум човекот кој официјално „ги тресе“ (се смее). За да биде сигурен дека нема да каже било што на портпаролот му е најдобро да молчи. Но, што ќе ви е портпарол кој молчи?“

Дмитриј Песков  исто така рече дека е среќен што сите овие години (18 години во претседателската администрација, 10 години како портпарол на Путин) работи до Путин. „Можете да кажете било што, но Путин веќе остави трага во историјата на нашата држава, во историјата на човештвото. Сигурен сум во тоа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња