Руски љубители на екстремни авантури поминаа по јаже оптегнато меѓу две десеткатници (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во престолнината на република Башкирија, градот Уфа, двајца мажи поминаа по цврсто затегнато јаже меѓу покривите на две десеткатници. Мештаните го снимија овој настан со мобилни телефони и го објавија на интернет, пренесуваат руските медиуми.

Како што изјави едниот од љубителите на екстремни авантури, растојанието меѓу двете кули изнесувало 56 метри, а за овој „подвиг“ се подготвувале речиси две недели.

По изведувањето на оваа операција двајцата мажи беа приведени од полицијата. Тие, како и „обично“ во такви ситуации, како што рече еден од нив, мораа да напишат образложение, по што беа пуштени. 

Прочитајте повеќе: Екстремен спортист претрча 50 км во Јакутија на -67°C: „Тоа ви е како прошетка во отворена вселена“