Руско дете на сноуборд: Василиса има само пет години a вози сноуборд подобро од сите!

vasilisa_board
Зимите ги минува на планина, летото на скејтборд. Ова девојче не се плаши ниту од брзина ни од гребнатини.

Татко ѝ ѝ дава знак и Василиса тргнува низ снежната падина кон скокалницата. Двојно свртување и лесно приземјување. Би рекле, ништо необично, меѓутоа Василиса има само пет години.

Наталија и Антон Ермакови веќе со години возат сноуборд, но не планирале толку рано да ја научат ќерката. Тоа било случајно. „Василиса го виде мојот сноуборд, се качи на него и самата тргна низ падината“, раскажува мама Наталија. Василиса тогаш имала само три години.

Родителите одлучиле првин да ја научат ќерката да скија. Василиса  скијала цела зима, а на лето видела момчиња на скејтборд и се заинтересирала. Секој член на семејството добил скејтборд и почнале заедно да учат да возат. И да се подготвуваат за зимската сезона.

На 4,5 години Василиса повторно застанала на сноуборд, а по три месеци се нашла во Гинисовата книга на рекорди на Русија како  најмлад сноубордер кој во лет прави свртување од 540 степени.

Мама и тато велат дека никогаш не ја терале да тренира. Едноставно самата барала да ѝ купат сноуборд за роденден.

Антон е професионален сноубордер и Василисин тренер. Брзината и висината таа ги поднесува одлично, а и падовите. Паѓала повеќе пати од скејтборд и ја лупела кожата на образот. Но по пет минути плачење повторно се качувала на скејтбордот.

Мама Наталија и самата ги сака екстремните спортови и не се плаши кога нејзиното дете исполнува опасни трикови. „Мене тоа ми се допаѓа и јас ѝ верувам. Ние многу добро се подготвуваме. Јас само се чудам како толку лесно ѝ успеваат нештата кои јас не ги можам“.

„Во Русија сѐ уште не е доволно развиен детскиот сноуборд“, вели Наталија, но додава дека постои позитивна тенденција. Минатата година на натпреварувањето во школата за скијање „Крилови“ имаше 7 учесници, додека годинава беа 50 (Василиса, инаку, го освои 1 место во слалом).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња