Русин прв стигна на Северниот пол на велосипед

Богдан Буличов

Богдан Буличов

Рускиот патник и авантурист Богдан Буличов прв стигна на Северниот пол со велосипед.

Познатиот патник и видео-блогер, член на Руското географско друштво Богдан Буличев постави два светски рекорди. Рускиот љубител на авантури е првата личност која на Северниот пол пристигнала со велосипед. Освен тоа, тоа беше најбрзото патување околу светот на велосипед на Северната хемисфера.

Богдан Буличев на географскиот Северен пол пристигна на 17 април во 19 часот и 30 минути. За таа цел тој користеше разни превозни средства, но завршниот дел на маршрутата која одеше преку ледената површина на Северниот леден океан ја совлада на велосипед, нешто што никому пред него му нема успеано.

Рекордот го постигна во составот на Првата велосипедска експедиција Алпари на Северниот пол. Во овој момент Богдан се наоѓа на Шпицберген и се подготвува за патување со авион за Москва.

„Како што ви е веќе познато, јас го сакам Северот и екстремните ситуации и спортови (претходно возев сноуборд) и, генерално гледано, како и секогаш решив да се тестирам себеси и со таа цел го одбрав крајниот Север и токму Северниот пол, како и необичниот вид на транспортно средство, како за мене лично, така и за Арктикот – „Фет бајк“ (Fat bike – велосипед со големи тркала) што го добив од моите партнери и пријатели од компанијата Skott Russia. Сѐ на сѐ си поставив себеси цел прв на светот да стигнам на Северниот пол со велосипед и по традиција да поставам неколку светски рекорди“, изјави Богдан.

Автомобилистот и светски патник Буличев е познат како организатор на теренски експедиции. Во состав на последната таква авантура учесниците во експедицијата во класични пикапи Toyota Hilux стигнаа до најсеверното населено место во Русија Диксон и го соборија Гинисовиот рекорд.

Северниот пол и не се чини толку студен за Русите. Погледнете колку е забавно капењето на Северниот пол.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња