Поклонскаја стана лице на лимитирана колекција козметика во аниме стил

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Козметичкиот бренд „Кримска роза“ исфрли парфимирана вода од розови ливчиња со ликот на поранешниот јавен обвинител, а денес пратеник во Државната Дума Наталија Поклонскаја, соопштуваат руските медиуми. Новиот производ е посветен на петгодишнината од преминувањето на Крим под закрилата на Русија.

На етикетата на козметичкиот препарат е прикажана Наталија Поклонскаја во аниме стил, облечена во бела генералска униформа на јавен обвинител.

Поклонскаја лично даде дозвола за сите макети, истакнува генералниот директор на компанијата Иван Гладун. Очигледно е дека на „нашата Њаша“ („нашата Слатка“, како што Русите ја нарекуваа во 2014 година) ѝ се допаднал имиџот кој одамна стана препознатлив на интернет.

Прочитајте повеќе: Како Поклонскаја стана јавен обвинител на Крим