Видео: Наталија Поклонска со чаша шампањ во рака на коњ им ја честита на Русите Новата година

Global Look Press

Пратеничката во Државната Дума од владејачката „Единствена Русија“ и поранешен јавен обвинител на Крим Наталија Поклонска им ги честиташе на Русите претстојните новогодишни и божиќни празници во необично видеообраќање кое го закачи на своите страници на социјалните мрежи. 

Со чаша шампањ и узди во рацете, на сив коњ, во идиличен зимски пејзаж, таа на сонародниците им се заблагодари за укажаната доверба и поддршката, напомнувајќи дека искушенијата нѐ права појаки и посилни. 

Како што истакна Поклонска, во Новата година сите очекуваат промени на подобро, но тие „зависат пред сѐ од нас самите и нашите секојдневни избори, кои понекогаш не се ни најмалку лесни“.

„Ви посакувам во Новогодишната ноќ да се чувствувате како во бајка. Нека во Новата година ве следат среќа и радост и нека бидат на коњ оние кои се благородни и правични и кои прават добро“, рече Наталија Поклонска. 

Видеоораќањето на популарната преубава руска политичарка предизвика воодушевување кај потписниците и многу бргу собра неколку илјади лајкови, како и мноштво коментари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња