„Спецназ и мачиња”: Росгвардија со нов календар го честита 8 март на припадничките на поубавиот пол

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руската Национална гарда објави календар за 2019-2020 година на кој на 12 фотографии се снимени опасни припадници на силите за специјална намена од одредот „Витез“ во полна борбена опрема со слатки мачиња во раце. Росгвардија на тој начин им го честиташе претстојниот празник, Меѓународниот ден на жената, на припадничките на понежниот пол.

Календарот „Спецназ и мачиња“ во печатена верзија е објавен во сто примероци, но затоа може да се симне од интернет. Најверојатно инспирацијата за толку необичниот дизајн е пронајдена во фотографијата од 2014 година на која руски војник на Крим гали маче, која подоцна стана интернет мем, а врз основа на неа настана и споменикот на Учтивите луѓе.

Инаку, ко крајот на минатата година руското Министерство за одбрана објави необичен календар за 2019 година со призори на руска воена техника и борци од разни единици. Секоја фотографија е проследена со иронични коментари, кои во Русија беа примени со воодушевување, додека на Запад календарот ги уплаши локалните медиуми кои го сфатија повеќе од сериозно и го нарекоа „Путиновата божиќна честитка која ја замрзнува крвта во жилите“.  

Прочитајте повеќе: Календарот за 2019 година на руското Министерство за одбрана ги воодушеви корисниците на интернетот