Јапонците полудеа по новите календари за 2019 со Путин

instagram.com/syu1980711
Календарите со претседателот на Русија во Јапонија се продаваат подобро од календарите со која било друга позната личност.

Во синџирот продавници „Лофт“, кој има ексклузивно право на продажба на календарите за 2019 година со Путин, велат дека рускиот претседател е хит во продажбата, пренесуваат светските медиуми.

Две недели пред Нова година календарот со Путин во Јапонија е неспоредливо попопуларен од календарот со ѕвездата на јапонскиот филм Кеи Танака или со актуелниот олимписки првак во уметничко лизгање Јузуру Ханју.

И ова не првата година на популарност на календарот со Путин во земјата на изгрејсонцето. Путин во студена вода, Путин во спортска сала, Путин си игра со кучиња во снегот, Путин на трибините на Светското првенство во фудбал 2018... голем број луѓе, особено жени, купуваат календари со Путин веројатно привлечени од неговиот неконвенционален стил и нескриен мачоизам, сметаат медиумите во Јапонија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња