„Поради некои жени можете да ја изгубите главата“
Министерство за одбрана на РФМинистерството за одбрана на Русија го претстави својот календар за 2019 година и ги воодушеви корисниците на интернетот.
Секоја фотографија во календарот е проследена со ироничен слоган. На пример, снимката на која војници го подготвуваат оружјето пред борба е наречена: „подесување на апаратурата пред „концерт“, а фотографијата со деца во воени униформи: „подготовка за парадата на 9 мај 2033 година“. Со фотографиите на руско оружје и техника стојат фразите: „жесток руски пекач на галети“ и „кај руските пилотски асови дури и „крокодилите“ летаат“.
Календарот предизвика позитивни реакции кај корисниците на интернетот. „Кул. Хумор со фина иронија”; „Одличен”; „Би го купил за на ѕид“ – беа коментарите на „Инстаграм“.
Комплетната верзија можете да ја погледнете и симнете на сајтот на рускиот воен ресор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче