Серускиот центар за истражување на јавното мислење спроведе анкета за чистотата на рускиот јазик.
Резултатите објавени на официјалниот веб-сајт на ВЦИОМ покажуваат дека третина Руси (36 отсто) секојдневно користат жаргонски зборови специфични за нивната професија.
Четвртина Руси (23 отсто) секојдневно користат зборови од интернет сленгот и јазикот на социјалните мрежи.
Русите исто така малку почесто користат во секојдневниот говор поговорки и крилатици (21 отсто), како и цитати од убавата книжевност (18 отсто).
Странски зборови во говорот исто така се користат почесто (19 отсто од луѓето).
А што се однесува до безобразните зборови ситуацијата е следна: 37 отсто Руси не можат без вулгаризами во секојдневниот говор. Социолозите исто така укажуваат на податокот дека во 2008 година секојдневно пцуеле дури 44 отсто од Русите. Истовремено, 68 отсто Руси знаат дека рускиот јазик мора да се чува и негува.
Инаку, во мај 2018 година една московска агенција состави рејтинг-листа на руски градови во кои најмногу се пцуе. Според тоа истражување најмногу груби зборови можеме да слушнеме во Перм, Воронеж и Иваново. Во групата на „10 најнепристојни“ се и Тамбов, Оренбург, Кемерово, Брјанск, Липецк, Чељабинск и Ростов на Дон. Москва е на 18 место, руската престолнина на културата - Санкт Петербург на 23, а најмалку пцујат во Казањ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче