Путин потпиша закон за забрана на пцости и симболи во детските имиња

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот за забрана на децата да им се даваат неубави имиња.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за забрана на употреба во детските имиња на цифри, пцости и интерпукциски знаци (освен тире). Текстот на документот е објавен во понеделникот, 1 мај, на официјалниот портал за правна информација.

Дозволено е да му се даде на дете двојно презиме составено од презимињата на родителите. Тоа се пишува со тире и не може да има повеќе од два збора.

Во 2014 година во Пермскиот крај се роди дете кое го крстија со името Луцифер Константинович Меншиков. На неговиот помал брат му беше дадено името Волдемар.

Во 2002 година во Москва едно дете беше крстено со името БОЧ рВФ 260602 (кратенка од „Биолошки објект на човек од родот Воронини-Фролови, роден на 26 јуни 2002 година“). Матичната служба одби да го регистрира. Родителите на детето се обратија до судот во Стразбур, меѓутоа нивното барање беше одбиено од судот. Боч сѐ уште нема официјални руски документи, единствено извод на родени, издаден од организацијата „Светска влада на граѓаните на светот“, врз основа на кој детето беше примено на училиште, пишува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња