Како да се забрани пцуењето?

Постои мислење дека новата забрана ќе биде само „црвен плашт за бик“ и дека неталентираните уметници ќе се обидат да го свртат вниманието на јавноста кон своите дела низ призма на „протестите“. Извор: РИА Новости.

Постои мислење дека новата забрана ќе биде само „црвен плашт за бик“ и дека неталентираните уметници ќе се обидат да го свртат вниманието на јавноста кон своите дела низ призма на „протестите“. Извор: РИА Новости.

Во Русија од 1 јули на сила стапи законот за забрана на употреба на пцости на телевизија, во филмовите, во медиумските известувања, на концертите и во театарските претстави. Паричните казни што ги очекуваат прекршителите не се за занемарување. Многу угледни творци, меѓутоа, имаат сериозни забелешки на овој закон и сметаат дека законот ќе биде само мамка за „протест“ на неталентираните уметници.

Како што се наведува во законот, казните ќе се однесуваат и на „јавно изведување книжевни дела и народно творештво кое содржи вулгарни изрази за време на различни манифестации“. Непристојната лексика исто така се забранува „за време на прикажување на филмови, театарски претстави, на отворање изложби, концерти, шоу-програми“ итн. Задачата на назначениот „независен колегиум“ ќе биде да определи што спаѓа во таканаречената навредлива лексика. 

„Законот се прави за луѓето, а не луѓето за законот“ 

Народниот уметник на Русија, филмски режисер и добитник на „Оскар“ (1994) во категоријата за најдобар странски филм, Никита Михалков изјави дека е потребна ревизија на законот за забрана на употребата на нестандардна лексика во филмовите. „Законот се прави за луѓето, а не луѓето за законот. Во него, очигледно, треба да се внесат некои корекции и прашањето на пцостите да се разгледуваат во секој случај одделно, па дури и кога станува збор за филм. Доколку станува збор за воени филмови, невозможно е да се замисли тие да бидат без погрдни зборови“, ја пренесува изјавата на Михалков РИА Новости. 

Пцостите се еден значаен рафиниран производ на фантазијата на рускиот народ. Постои одвратно пцуење, кое се користи во градскиот превоз, но постои и пцост како средство за се изразат граничните човечки состојби. 

Никита Михалков народен уметник на РФ

Михалков, кој е и претседател на Московскиот меѓународен филмски фестивал, додаде дека организаторите на оваа манифестација во правилникот ќе внесат можност на овој фестивал да се прикажуваат филмови кои од руското Министерство за култура сè уште немаат добиено дозвола за прикажување. 

„Пцостите се еден значаен рафиниран производ на фантазијата на рускиот народ. Постои одвратно пцуење, кое се користи во градскиот превоз, но постои и пцост како средство за се изразат граничните човечки состојби – болка, војна, напад, смрт, и тоа се оправдува со ситуацијата. Сметам дека тоа се нешта кои ќе мораат да се прецизираат во секој конкретен случај“, истакнува Михалков. 

Култивирање на „нестандардната лексика“

Контроверзниот фронтмен на музичката група „Ленинград“ Сергеј Шнуров наспроти усвојувањето на новиот закон, за време на одржувањето на концертот во Москва го изнесе своето мислење на темата за нестандардната лексика, која е неизоставен дел од неговите песни. „Земјата се наоѓа на праг на нова студена воја. Јасно е дека на властите им е потребна 'мобилизација'“, рече Шнуров. На прашањето како е можно на луѓето да им се одземе она најличното, уметникот изјави дека „ништо не треба да се решава од име на луѓето“. 

Од друга страна, рускиот поет и доктор на филозофски науки Игор Волгин смета дека нема да дојде до значајни промени во литературниот и во уметничкиот живот. 

„Ништо особено нема да се смени. Пцостите се дел од разговорниот, а не од јавниот јазик. Руската кутура сосема добро се снаоѓа и без нестандардната лексика. Точно е дека Пушкин, Лермонтов и други поети користеле вулгаризми во некои стихови, но тоа било надвор од јавниот простор“, вели Волгин.

Овој поет смета дека новата забрана ќе биде само „црвен плашт за бик“ и дека неталентираните уметници ќе се обидат да го свртат вниманието на јавноста на своите дела низ призма на „протест“. „Отсекогаш сум велел дека не е потребно литературата да се спасува од пцости, туку пцостите да се спасат од литературата. Претходно никому не му паѓаше на ум сето тоа да го внесува во јавниот простор. Кај писателите и кај уметниците отсекогаш постоела автоцензура и внатрешна културна забрана. Многу е лошо тоа што денес е потребно да се забрануваат пцостите на законодавно ниво“.

Пцуењето е скапа работа 

Казните за употреба на вулгаризми за граѓаните ќе изнесува од 2.000 до 2.500 рубли (60-80 долари), за официјалните лица од 4.000 до 5.000 рубли (130-170 долари), а за правните лица од 40.000 до 50.000 рубли (1.300-1.700 долари). Истите казни се предвидени и за употреба на пцост во медиумските извештаи. Во случај на повторно прекршување, висината на паричната сума се зголемува. 

Отсега продажбата на печатена и на аудиовизуелна продукција која содржи пцости ќе биде можна само во посебна амбалажа со напомена. Доколку во филмот постои нестандардна лексика, тој нема да може да добие дозвола за прикажување, а за прикажување филм без таква дозвола, исто така се воведуваат казни. 

Законските одредби не се однесуваат на продукцијата која е објавена до денот на стапување во сила на овој закон.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња