Ново истражување покажува кој пцуе најмногу на работа во Русија

Кога нештата на работа стануваат потешки, за Русите е навистина тешко да останат тивки

Кога нештата на работа стануваат потешки, за Русите е навистина тешко да останат тивки

Pixabay
Секој втор Русин користи непристојни зборови на работа!

Mail.ru Group, руска интернет компанија, спроведе истражување со цел да ја дознае вистината - кој најмногу пцуе во Русија (на работа, бидејќи пцуењето на улица не се важи). Истражувањето опфати 1100 вработени избрани меѓу корисниците на Mail.ru, а резултатите се мошне впечатливи.

Според собраните податоци, речиси половина од сите вработени во мали и средни претпријатија (49%) користат пцости во текот на работниот ден. Главно помладите луѓе се оние кои пцујат најмногу (на возраст од 25-40 години), додека жените се пољубезни од мажите: 59% мажи наспроти 32% жени-работници кои пцујат.

Што се однесува до секторите на економијата, градежништвото излегува како „највалкано“ - 64% ​​од луѓето кои работат во оваа сфера пцујат редовно. Индустријата и медиумите се на второ и трето место, односно 60% и 58%. Образованието, очекувано, е на последното место на листата - само 17% од вработените во оваа област користат непристојни зборови. Да, би било сосема чудно да викате на ученици со непристоен јазик.

Зошто пцујат? Прашањето е комплицирано: главните причини се иритираноста (наведена од 60% од анкетираните), невоздржаноста (57%) и „потребата да се објаснам појасно“ (41%). Во исто време, руските работници не се гордеат со своето пцуење - 50% од испитаниците рекле дека би сакале да пцујат помалку. Но, понекогаш, се чини дека е тешко да се држи јазикот зад забите!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња