Тој прецизираше дека во секој случај за него како Фјодоров тренер овој меч е последен и дека тоа му го соопштил на Емелјаненко уште во текот на подготовките во Холандија.
Според зборовите на Тајсе, Фјодор во оваа борба се здобил со исеченица која е зашиена со девет конци, но немало други последици по здравјето. Тренерот, меѓутоа, додаде дека Фјодор и онака има проблеми со повредите на коленото и рамото и дека поради тоа бил подготвен за мечот само 66%. Тајсе е уверен дека по оваа борба „Последниот император“ ќе одлучи да ја заврши кариерата.
Во финалето на Гран-прито „Белатор“ во тешка категорија, легендарниот руски ММА борец, 42-годишниот Фјодор Емелјаненко на почетокот на првата рунда беше поразен со нокаут од 35-годишниот Американец Рајан Бејдер, кој сега е носител на двете шампионски титули на купот „Белатор“ во полутешка и тешка категорија.