Во Москва ќе биде изграден највисокиот станбен облакодер во Европа

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Изградбата ќе биде завршена до 2024 година.

Компанијата „Мосинжпроект” во 2019 година ќе почне изградба на мултифункционален комплекс кој ќе биде највисоката станбена зграда во Европа. Планирано е во облакодерот да бидат отворени ресторани, детски центар, деловни канцеларии, спортски комплекс со базен, но главниот дел на градбата (130 илјади квадратни метри) ќе го зазема станбениот простор.   

Облакодерот висок 405 метри и со површина од 280 илјади квадратни метри ќе биде завршен за точно пет години - во 2024 година. Како што соопштуваат руските медиуми, во оваа зграда ќе биде преместена главната канцеларија на „Мосинжпроект”, компанијата која спаѓа меѓу стоте најголеми градежни компании на светот.

Добрата локација, убавиот поглед, пријатнит ресторан, видиковецот на висина од 399 метри – сето тоа сигурно ќе привлече голем број туристи и жители на градот.

Веќе е познато дека изградбата само на долниот дел на зградата и темелите ќе чини 5 милијарди рубли (околу 66 милиони евра).

Погледнете го видеото: Изградба на највисокиот облакодер во Европа за помалку од 50 секунди