Санкт Петербург: Највисокиот облакодер во Европа доби дозвола за отворање

„Лахта Центар”
Градежната инспекција на Санкт Петербург издаде дозвола користење на повеќенаменскиот комплекс „Лахта Центар”, во рамките на кој е подигнат највисокиот облакодер во Европа, висок 462 метри. Ова се наведува во соопштението објавено на сајтот на проектот.

Прелиминарните работи за прием на објектот во експлоатација почнаа во февруари 2018 година. Инженерите на катастарот шест месеци ги премеруваа четирите објекти на овој комплекс кои заземаат  400 илјади квадратни метри. Комисијата на градежната инспекција есенва ги провери сите параметри и документацијата на „Лахта Центарот“: дали градежно-монтажните работи се во склад со проектот, какво е уредувањето на парцелата, хидроеколошката документација, пожарнтаа и еколошката безбедност, комуналните мрежи и уште многу други нешта.

По проверката е издадена дозвола за експлоатација на комплексот. Отворањето на „Лахта” е планирано за година дена. Корисниците на просторот треба уште да го завршат уредувањето на просториите. За тоа време за прием на гостите ќе биде подготвен и највисокиот панорамски ресторан во Европа на ниво од 325 метри, како и видиковец на висина од 360 метри. Освен тоа, ќе бидат отворени планетариум, спортски комплекс со панорамски базен, едукативен центар за децу и млади, изложбен простор, амфитеатар на брегот и концертна сала. Исто така, ќе биде завршено и уредувањето на бреговите и вклучувањето на комплексот во сообраќајната мрежа.

„Датумот на отворањето ќе биде назначен кога комплексот ќе биде целосно подготвен за прием на соработниците и гостите“, се наведува во соопштението.

Изградбата на „Лахта Центарот” на брегот на Финскиот залив почна 2012 година. Во реализацијата на проектот учествуваа околу 600 руски и странски компании и преку 20 илјади луѓе од 18 земји.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња