Да се каже дека Русите пливаат за крстот и не е најточно, затоа што реките и езерата во Русија на средината на јануари се покриени со мраз. Ова се трите нешта кои Русите ги прават на Богојавление.
1. Носат дома осветена вода
Според христијанското верување, во 30 година од нашата ера Исус Христос го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Крштението е извршено со потопување во вода, а тогаш, според Библијата, се отворило небото и се зачул гласот на Богот Татко кој објавил дека Исус е синот негов, а на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Со ова крштение почнала мисијата на Исус.
Навечер пред Богојавление, на Крстовден православните Руси одат во црква и пијат света вода, а потоа ја носат дома и ја чуваат до крајот на годината. Потоа обично одат на вечерна служба.
2. Нуркаат во света вода
Нуркањето го симболизира крштевањето на Исус. Ноќта меѓу 18 и 19 јануари луѓето се нурнуваат во вода трипати по ред. Специјалните отвори во замрзнатите реки и езера обично ги подготвува православната црква, а покрај нив дежураат спасувачки и медицински екипи, се поставуваат шатори и се нуди топол чај. Алкохолот не е дел од традицијата и лекарите не советуваат на тој начин луѓето да се подготвуваат за нуркање во ледената вода.
3. Носат дома утринска света вода
Утрото на 19 јануари Русите повторно одат во црква да земат свежа света вода. Иако свештениците велат дека утринската вода не се разликува од вечерната, некои луѓе веруваат дека водата има различна намена, па така вечерната ја користат за миење, попрскување на домот, додека утринската вода треба да се пие пред појадок и е добра за здравјето.