Богојавленските мразови повикуваат на капење

Празникот започнува со служба во храмовите, по која свештениците ја осветуваат водата во езерата и во реките. Од тој момент се смета дека водата е света. Извор: ИТАР-ТАСС.

Празникот започнува со служба во храмовите, по која свештениците ја осветуваат водата во езерата и во реките. Од тој момент се смета дека водата е света. Извор: ИТАР-ТАСС.

Капењето во ладна вода пред Богојавление е една од најатрактивните и најпопуларните традиции во Русија (во Русија ова капење најчесто се нарекува „крстовденско“). По вечерната служба сите што сакаат одат кај веќе подготвената дупка во мраз и се капат во осветената вода.

Воопшто не е страшно да се нурне во вода кога надвор има мраз. Ако температурата на воздухот е -20, а на водата +2, тогаш чувството е како да се влегува во топло млеко. Најважно е по излегувањето од водата добро да се избрише со пешкир. Така барем велат оние што на богојавленската ноќ одат на река за да нурнат во водата низ замрзнатиот отвор. 

Православните христијани го слават Богојавление секоја година во ноќта помеѓу 18 и 19 јануари. Празникот започнува со служба во храмовите, по која свештениците ја осветуваат водата во езерата и во реките. Од тој момент се смета дека водата е света, а луѓето во садови ја налеваат и ја носат дома. Со таа вода се мијат, ја пијат или ја чуваат дома како нешто свето. Се смета дека богојавленската вода има уникатни својства. На пример, таа може да се чува во затворен сад неколку години и да не се расипе.

Воопшто не е страшно да се нурне во вода кога надвор има мраз. Ако температурата на воздухот е -20, а на водата +2, тогаш чувството е како да се влегува во топло млеко. Најважно е по излегувањето од водата добро да се избрише со пешкир.

Капењето во ладната вода пред Богојавление е една од најатрактивните и најпопуларни православни традиции. Водата за капење понекогаш се подготвува и во храмовите или капелите, но за капење најчесто служат отворите во мраз, кои во облик на крст се прават во езерата и во реките. Оваа година во Москва беа подготвени над четириесет такви места. На секое од нив ќе биде извршено осветување на водата, а за секој случај на местата ќе дежураат спасувачи и екипи на брзата помош. Покрај секој ваков отвор во мраз постојат шатори со греење, каде луѓето можат да се преоблечат и да се згреат по капењето.

Овие денови мразот обично се стега, небаре сака да ја провери силата на духот кај православните христијани. Во рускиот јазик дури постои и израз „богојавленски мразови“. Но, без оглед на температурата, во богојавленската ноќ можат да се видат голем број луѓе кои сакаат да се нурнат во ладната вода. Во определено време, кога доаѓаат најголем број луѓе, се чека во ред и по неколку часа. Некои стојат во костими за капење со пешкири, како да се на плажа. Доколку на овие фотографии како позадина би се ставила сончев морски брег, би изгледало како луѓето да чекаат на ред за сладолед. Во тие моменти луѓето измрзнуваат до коска, но тогаш со поголемо задоволство нурнуваат во вода, зашто таа е многу потопла од воздухот и тоа за цели дваесет степени, така што во тој момент влегувањето во вода е мошне пријатно доживување.

Без оглед на температурата, во богојавленската ноќ можат да се видат голем број луѓе кои сакаат да се нурнат во ладната вода. Извор: ИТАР-ТАСС.

Екстремниот ритуал не ги привлекува само верниците кои сакаат да направат мошне важен христијански обред, ами и оние што едноставно сакаат да ја стават на проверка својата издржливост.

„Пред две годни нурнав во водата. Се сеќавам дека тогаш беше околу -25 степени. Половина час стоев наметнат со пешкир, сè дури не стасав на ред“, вели московскиот студент Иван. „Не можам да кажам дека сум некој верник. Носам крстче, но не одам во црква. Едноставно решив да се проверам себеси, да видам дали сум способен за такво нешто. Инаку, го сакам сето она што го крева адреналинот.“ 

„Нуркањето е споредна работа“, вели свештеникот Александар. „За еден христијанин најважно е на тој ден да присуствува на богослужба, да се исповеда и да се причести. А, капењето во ладната вода не е задолжително и сигурни не ги 'мие гревовите'. Гревот може да го исчисти само свештенослужител по исповед и причест во храм. Тоа што празникот доби имиџ на некаков екстремен настан, за тоа се заслужни медиумите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња