Капење во студена вода на Богојавление планирале 20 отсто Руси, додека минатата година 15 отсто руски граѓани биле подготвени на овој начин да го одбележат едниот од најголемите православни празници, покажуваат резултатите од анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење ВЦИОМ.
Според податоците од анкетата, меѓу оние кои покажале подготвеност да нурнат во ледената вода во специјално направените и осветени за тоа отвори, најмногу има мажи (29 отсто), потоа млади луѓе меѓу 18 и 24 години (36%), додека на трето место доаѓа селското население кое сочинува 25 отсто. Две третини (63%) од оние кои планираат утре да се капат рекле дека тоа го прават веќе традиционално секоја година. Секој петти испитаник (19%) е раководен од верски причини, додека 14 отсто тврдат дека таквото капење е добро за здравјето.
Капење на Водици не планираат 79 отсто Руси (во однос на 81% лани). Како главен аргумент истакнуваат болест и здравствена состојба (31%); додека 14 отсто испитаници својот став го образложуваат со атеистички погледи и припадност на некога друга вероисповед. Четиринаесет отсто од анкетираните се плашат од студот.
Повеќе од половината Руси (52%) на Богојавление планираат да одат во црква по света вода (во однос на 59 отсто лани). Исто така, 45 отсто имаат намера да го поминат празникот на трпеза со најблиските (во 2018 година беа 48 отсто).
Телефонската анкета во која учествуваа 1600 лица постари од 18 години беше спроведена на 16 јануари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче