Портпаролот на рускиот претседател објасни како Путин ја прима пензијата

Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин прима воена пензија и плата на сметка во банката „Русија“ (Россия), соопшти неговиот прес-секретар Дмитриј Песков.

„Кога беа воведени првите санкции, Американци поради некоја причина сметаа дека главни виновници за присоединувањето на Крим на Русија се некои наши компании, вклучувајќи ја и банката „Русија“. Токму тогаш претседателот донесе одлука својата плата и воената пензија да ги префрли на сметка во оваа банка“, изјави Песков во интервју за списанието „Аргументи и факти“.

Тој не ја наведе висината на Путиновата пензија, затоа што ни самиот не е запознаен со тоа. А висината на платата, рече тој, е одредена со указ на претседателот.

Притоа претседателот речиси и не користи готовина.

„Тоа се случува само еднаш до двапати годишно. Кога, на пример, оди на скијање, па ќе сврати во кафе-ресторан на планината каде што се плаќа само со готовина“, вели Песков.

Во март 2014 година САД воведоа санкции против банката „Русија“ во која, како што тврдат тие, своите пари ги чуваат „многу руски функционери против кои се воведени санкции“.

Прочитајте повеќе: Путин: Задоволен сум со својата професија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња