Штази е кратенка од Staatssicherheitsdienst, што значи Министерство за државна безбедност на Источна Германија.
#Germany's media claim that #Russia's president Putin had a Stasi ID:https://t.co/9QamnmoYfNpic.twitter.com/pwAgz9idrK
— Alex Kokcharov (@AlexKokcharov) December 11, 2018
Саксонија, Дрезден. Автомобили пред зградата на Штази. Неодамна се пронајдени документи од оваа организација кои му припаѓале на сегашниот претседател на Русија, а тогаш офицер на КГБ Владимир Путин.
Sebastian Kahnert/dpa/Global Look PressОваа служба е добропозната по разгранетата мрежа информанти и по шпионажата на населението од својата земја.
Штази е организиран по углед на КГБ. Во својата работа ги копирал методите на советската разузнавачка служба, но сепак била посебна организација со сопствена внатрешна структура.
Владимир Путин стои во група со постарите советски и источногермански офицери на војската и на разузнавачката служба во некогашниот затвор, а потоа регионално одделение на источногерманското министерство за државна безбедност во Дрезден, каде Путин живеел и работел како агент на КГБ од 1985 до 1990.
Роберт Мајкл/AFPНе. Овие документи со фотографијата на Владимир Путин и со потпис кој лични на неговиот навистина ги има издадено Шрази, но тоа не значи дека Путин бил припадник на оваа организација. Секој агент на КГБ кој службено престојувал во Источна Германија (додека постоела КГБ) автоматски добивал документи од службата Штази, така што имал пристап до локалните центри на оваа источногерманска разузнавачка служба, како и до нивните информанти и информации.
Од 1985 до почетокот на 1990 година Владимир Путин се наоѓал во Дрезден, Источна Германија, како офицер на КГБ. Документите од источногерманската разузнавачка служба зборуваат за тоа дека една од задачите на Путин во Дрезден може да биде одржување на врска или координација помеѓу матичната разузнавачка служба и Штази.
Некои сметаа дека фотографијата на 33-годишниот офицер на КГБ е необична зашто Путин намерно гледа настрана, а главата му е малку накривена, така што лицето може да му се види и од профил.
На достапните фотографии од документите што КГБ ги има издадено пред 1990 година се гледа дека ова во тоа време била вообичаена практика. Од тој агол се стекнува малку подобра претстава за човекот зашто на една слика му се гледа лицето и во анфас и малку во профил. Путин гледал настрана зашто најверојатно така му рекол фотографот.
#Germany's media claim that #Russia's president Putin had a Stasi ID:https://t.co/9QamnmoYfNpic.twitter.com/pwAgz9idrK
— Alex Kokcharov (@AlexKokcharov) December 11, 2018
Зборот „Bezirksverwaltung“ упатува на регионот од кој се издадени документите. Во случајот на Путин тоа е Дрезден, градот кадешто тој работел како офицер на КГБ.
Putin’s Stasi spy ID found in Germany https://t.co/zE08ku2LI0pic.twitter.com/uERl8GSuJl
— ZBC News Online (@ZBCNewsonline) December 12, 2018
Тоа се контролни печати кои сведочат дека документите не се застарени и оневозможуваат нивна потенцијална злоупотреба. Документите се контролирале во секој квартал во текот на годината. Треба да се истакне дека недостасува печат за последниот квартал од 1986 година. Можеби тоа е обичен пропуст на Штази, а можеби на Путин во тој период не му бил потребен пристап до ресурсите на оваа организација. Во секој случај, не се знае точно зошто недостасува овој печат.
Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Дмитриј Голубович/Global Look PressПретседателот на Русија не го коментираше лично откривањето на овие документи. Неговиот портпарол Дмитриј Песков претпоставува дека во времето на соработката помеѓу КГБ и Штази можеби постоела можност за издавање или за размена на ваков вид документи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче