Мекгрегор ја обелодени изјавата која ја испровоцира тепачката со Нурмагомедов

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Конор Мекгрегор, поранешен носител на шампионскиот појас на UFC, ја обелодени изјавата со која ја испровоцира масовната тепачка на 7 октомври 2018 година, кога беше поразен од Хабиб Нурмагомедов.

Ирецот на „Инстаграм“ објави видеоснимка од препирката со американскиот боксер Поли Малињаџи, на која му советува да „престане да кука“.

Во истата објава Конор пишува дека истите зборови му ги упатил и на Нурмагомедов по третата рунда. „Тој му се жалеше на судијата во секоја рунда, дури и во четвртата, додека борбата се водеше во партерот“, изјави Ирецот, сметајќи дека всушност само тој имал причини да се жали. „Хабиб [во третата рунда] четири минути ме држеше за нозете без никаква активност“, напиша Мекгрегор.

Рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов на 7 октомври 2018 го победи Ирецот Конор Мекгрегор и ја одбрани титулата шампион на UFC во лесна категорија.

Нурмагомедов по победата одговори на вербалната провокација така што започна тепачка надвор од октагонот. Спортската комисија на Невада (NSAC) поради овој инцидент привремено ги суспендираше Нурмагомедов и Мекгрегор.

Нурмагомедов стана шампион на UFC во април 2018 година кога го победи Американецот Ал Јаквинта. Рускиот ММА борец има 27 победи во сите 27 мечеви, додека Ирецот од вкупно 25 мечеви има 21 победа (18 пред регуларниот истек на мечот) и 3 порази.