Шојгу откри зошто одморот во тајгата е вистинското нешто: Сон под кедар и вода од река

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во интервју за магазинот „Непознат Сибир“откри зошто одморот во сибирската тајга, далеку од цивилизацијата, е вистинското нешто.

На рускиот министер за одбрана, според сопственото признание, во тајгата најмногу му импонираат слободата, отсуството на телевизор, градската врева и комуникацијата со кого било, вклучувајќи ги и новинарите. Како што изјави тој, во тајгата се чувствува вистинскиот живот, без какви било додатоци. Шојгу сака да прави пељмени и да лови риба со староверците на границата со Монголија. Она што никако не би сакал е одморот во Сибир да стане туристички тренд, „панаѓур на суетата“, затоа што на тој начин овој простор би престанал да биде уникатен.

Како што рече рускиот министер, тој ја сака тајгата затоа што може да преспие во ловечка колиба или под кедар. Му се допаѓа да оди и во дивината, на места на кои човечка нога не стапнала. Таму каде што може да пие вода од река за која е сигурен дека во неа никој претходно не си измил раце.

Сергеј Шојгу во август го помина одморот во Тува заедно со претседателот на Русија Владимир Путин и директорот на ФСБ Александар Бортников. 

Прочитајте повеќе за местото каде Путин со задоволство се одмора: Како родното место на Сергеј Шојгу стана дел од Русија