Тој изјави дека во тајгата заминува за да биде „слободен од телефоните и телевизорите, од градската врева и од комуникацијата со сите“. Шојгу рече дека човекот во тајгата „го чувствува вистинскиот живот, без примеси”, пишува „Неизвестнаја Сибир”.
Според него, некои повеќе сакаат да се „греат на морска плажа“, но тој повеќе сака да „оди кај староверците, во најоддалечениот крај на Русија“ за да „сплавари по реките, лови и фаќа риби, прави пељмени и лови липљани”.
Рускиот министер исто така рече дека со задоволство се занимава со цртање, што го засакал „уште на кампувањата во детството“.
Шојгу истакна дека „човекот има и внатрешен живот“, дека токму таму му е „потребен моливот“.
„Тоа е вентил кој не бара вложување дополнителни напори. Човек црта затоа што едноставно го влече листот хартија, затоа што тоа го исполнува“, рече тој, додавајќи дека црта, „кога има малку слободно време”.
„Убаво е да се направи нешто уникатно”, изјави тој.
Шојгу не смета дека тоа е „голема уметност”. Тој вели дека понекогаш црта пред седница на владата, а потоа цртежите им ги подарува на „стариот пријател Сергеј Лавров или на Елвира Набиулина, која веќе има пристојна колекција“. Набиулина дури и ги „собра и отпечати албум” во два примерока, од кои едниот му го подарила на Шојгу за роденден, а вториот го задржала.
Благодарение на Шојгу, и претседателот на Русија Владимир Путин го засака одморот на реките во Тува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче