На железничката делница на Кримскиот мост се појави џиновска машина на радиоуправување

Крымский мост

На официјалната страница на Кримскиот мост на социјалните мрежи е објавена фотографија на машината на радиоуправување која се користи во завршниот дел од изградбата на железничката делница на сообраќајниот премин преку Керченскиот теснец со кој е споен Крим со копнениот дел на Русија.

„Кога си пораснат, и машината на радиоуправување е порасната“. Со овие зборови службата за односи со јавноста на Кримскиот мост го проследи објавувањето на фотографијата на огромната машина на градилиштето на најголемиот мост во Европа (19 километри), чија друмска делница пролетва беше пуштена во сообраќај. На фотографијата операторот управува со машината со која се превезува распонот на мостот.

Како што е предвидено со проектот, првите возови по железничката делница на Кримскиот мост ќе поминат идната година.

Прочитајте повеќе: Дел од железничкиот приод до Кримскиот мост ќе биде преместен поради античка вила

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња